Владата предводена и надлежните институции постојано преземаат мерки за надминување на сите предизвици од енергетската криза и заштита на стандардот на домаќинствата и стопанството.Во наредните три месеци, главен приоритет на Владата ќе биде одговор на енергетската криза, која е резултат на глобалните движења, посочуваат од СДСМ.
-Веќе тече интензивна владина подготовка на нови сетови антикризни мерки кои ќе дадат силен поттик за компаните и ќе бидат силна поддршка за семејните буџети на граѓаните.Во Буџетот има слободни 130 милиони евра кои во периодот што следи ќе бидат насочени за помош и на граѓаните и на стопанството.Сите досегашни пакети антикризни мерки на Владата во пандемијата кои според ММФ беа одлично димензионирани заштитија повеќе од 60.000 работни места.Грижата за граѓаните и компаниите продолжува и оваа година. Владата дефинира мерки преку кои најефикасно ќе се алоцираат средствата за санација и поддршка онаму каде што е најпотребно.Економијата е стабилна и ликвидна, економскиот раст за оваа година е предвиден на 4,6 отсто, додека капиталните инвестиции ќе бидат за 27 отсто повисоки од претходната година, велат од СДСМ.