293
На денешната седница Владата ја разгледа и усвои Информацијата за потребата од реструктуирање на Проектот за итно справување со КОВИД-19 во Македонија, односно на заемот од Светска Банка во висина од 90 милиони евра, и за оваа своја намера да ја извести банката.
Со реструктуирањето на планот за користење на овој заем ќе се обезбедат средства за финансиска награда за здравствените работници за зголемен обем на работа во борбата со КОВИД-19 во висина од 7,7 милиони евра за исплата на планираниот бонус за период од девет месеци, односно од април заклучно со декември 2020 година.
Дел од средствата ќе бидат пренаменети за набавка на опрема за регионалните здравствени центри, како и за финансирање на набавка на вакцини.