Обезбедени средства за итна набавка на инкубатори за ГАК

од desk4
68 прегледи

Обезбедени се финансиски средства за итна набавка на инкубатори за Гинеколошко-акушерската клиника (ГАК).

– Владата на Република Македонија на денешната 33-та седница донесе одлука за измена на распоредот на средствата во посебниот дел утврден со Буџетот на Република Македонија за 2017 година, за да се обезбедат финансиски средства за набавка на соодветните инкубатори во итна постапка за Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје, како и за дел од останатите јавни здравствени установи во државата, соопшти владината прес-служба.