Обезбедено сместување и храна, не е потребно искуство, а еве колкава е платата: Најбараните сезонски работни места во Црна Гора

од Nikola Popovski
101 прегледи

Сезонските работни места на Јадранот стануваат се попопуларна идеја, особено со зголемените цени на летните аранжмани. Разгледавме што се нуди моментално кога е во прашање црногорското приморје и колку се плаќа.

Ако ги погледнете актуелните огласи за сезонски вработувања на црногорското приморје, за повеќето од нив навистина не ви е потребно никакво претходно работно искуство. Платите се 700-1000 евра, со обезбедено сместување и храна. Се разбира, професионалните готвачи сепак можат да добијат многу подобра понуда.

Собар/ка

Обезбедено е сместување и храна, работно време 8 часа, плата 800 евра – се нагласува во огласот во кој се бара собар/ка во Улцињ. Може веднаш да се започне со работа, па се до крајот на сезоната (30 септември). Во Котор за иста плата се бара „сериозна и одговорна жена со најмалку една година искуство во одржување на хотелски соби“, со тоа што постои можност за трајно вработување.

Помошник во кујна

На помошниците во кујна на ресторан во Будва (и брза храна) не им треба никакво претходно искуство. Обезбедено е сместување и храна, платата е 800 евра. Тоа е работа со полно работно време, а вклучува помагање при подготовка на палачинки, салати и други јадења по налог на готвачот, сервирање храна, но и чистење на кујната.

Мијач на садови

Ниту за миење садови на Јаз не е потребно посебно искуство, а платата е 850 евра. „Плус секој ден, по 1е од секој келнер за полирање на есцајгот“, се напоменува во огласот. Се работи 12 часа дневно, секој ден – од 12:00 до 24:00 часот. Обезбедено е сместување и храна.

Чувар со обврски во Будва

Во огласите за сезонски вработувања се појавува „чувар со дежурства“, а доколку не сте сигурни што точно значи тоа – прилично добар опис на работното место најдовме во огласот на еден ресторан во Будва. Платата е 800 евра, со обезбедено сместување и два оброка, а обврските на вработениот го вклучуваат следново: „зацврстување на чадори, распоредување на лежалки на плажа, чистење на маси на плажата, собирање ѓубре, полевање цвеќиња, преместување доколку е потребно“, и еднаш на секои 5 дена миење на целата тераса за Брза храна и делот зад кујната со машина“.

Рецепционер/ка

Потребно е задолжително познавање на англиски јазик (читање и пишување), деловна кореспонденција, познавање на работа со компјутер. Се работи 7 дена во неделата, 9-10 часа на ден. Должностите вклучуваат прием на гости на хотелот во Чањ, обработка на податоци, работа во системите за резервации. Плата 800-900 евра.

Шанкер

Новиот млад шанкер на плажата Јаз се очекува да прави кафе и да служи пијалоци, без коктели. Станува збор за редовен работен однос, платата е 700 евра плус бакшиш од келнерите, со обезбедено сместување и два оброка.

Келнер

Келнер во Чањ може да заработи 1.000 – 1.100 евра месечно, доколку е комуникативен, љубезен, го знае процесот на работа во ресторан и е подготвен да работи 9 часа дневно, 7 дена во неделата. Неговата задача би била да ги послужува гостите во ресторанот во хотелот и „a-la carte“ во градината на хотелот.

Работник на базен и плажа

Оваа година во Улцињ може да се остварат соништата за улогата чувар на плажа – се бара работник на базен и плажа, платата е 550-600 евра. Нема потреба од искуство и обезбедена е обука, а од кандидатот се очекува да биде комуникативен, љубезен и подготвен за тимска работа. Обезбедено е и сместување и три оброци, а се споменува и можноста за напредување.

Хостеса

Се бараат хостеси за работа на повеќе локации на Црногорското приморје, понудената плата е 1.000 евра. Во огласот не се споменува работно искуство, но задолжителни барања се: позитивен однос и љубезност кон гостите, добри комуникациски вештини, подготвеност за тимска работа, флексибилност и подготвеност за работа за време на викендите и празниците. Обезбедено е сместување, бесплатни оброци, работа во пријатна атмосфера на крајбрежна дестинација со можност за напредување.

Готвач

Готвачите најчесто можат најмногу да заработат од сезонската работа на јадранскиот брег, а според актуелните огласи годинава во Црна Гора им се нуди плата од 1.500 – 2.000 евра, со сместување и храна. Секако, тоа не може биде без искуство, а интересно е што плата од 2.000 евра се нуди и на месар, кој ќе биде задолжен за гиро и хамбургери во Будва.

Подготовка и продажба на палачинки

Можеби никогаш не сте работеле во кујна, но за оваа работа во Петровац можете да се пријавите без никакво работно искуство. Платата е 700-850 евра (како што е спомнато, тоа зависи од месецот и договорот со работодавачот), работното време е 8 часа, а обезбедено е сместување и два оброка.

 

Слични содржини