Нервоза во грачината полиција. Од независниот полициски синдикат велат дека граничните полицајци од станиците во Танушевци, Гошинце и Маздрача од први август ќе добијат двојно помалку пари за прекувремени часови. Според претседателот на независниот полициски синдикат Гоце Делчев Тодев проблеот искрснал кога раководителите за два работни дена им пишувале дека работеле само еден ден, а остатокот им го запишувале како одмор. Се се случило поради неспроведениот докрај нов колективен договор потпишан во април- вели Тодев.

“Реакцијата полицајците и на Независниот синдикат доаѓа по усно дадените насоки за постапување по колективниот договор, но притоа несметајќи на обврската за донесување на Правилници кои целосно ќе ги регулираат одредени одредби и членови, како и индивидуалното и самостојно толкување на Колективниот договор од страна на повеќе полициски службеници на повисоко ниво на одлучување кои донеле избрзани одлуки за постапување по некомплетниот Колективен договор”- вели Делчев Тодев.
Незадоволните полициски службеници од станицата Танушевци веќе поднеле претставка до внатрешната контрола на МВР, а и од останатите станици подготвувале претставки против претпоставените кои не им ги впишале сите прекувремено сработени часови.