Oбичаи и верувања: Денеска е Голема Богородица

од Берта Китинска
398 прегледи

Денеска е Успение на Пресвета Богородица – Голема Богородица.

Од повеќето празници посветени на пресвета Богородица овој е еден од најзначајните. Затоа народот овој празник го нарекува уште и Голема Богородица. Во македонските цркви и манастири можат да се сретнат прекрасни претстави на настанот што црквата го слави денес.

Обично се наоѓаат над влезната западна врата на црквата. Инаку, самиот збор успение значи заспивање; поинаку кажано, не се слави смртта, туку вознесувањето на Богородица во небесните живеалишта. Се слави нејзиното заспивање, бидејќи таа не помина низ смртта како враќање на правот на правот. Веднаш по нејзината смрт таа е земена на небото во Христовите прегратки, вознесена е заедно со телото и станува прв и најголем застапник на луѓето пред Бога.

Народот верува дека Богородица е заштитничка на леунките и на жените им помага при породувањето. Исто така и жените кои немаат деца веруваат дека со милоста на Света Богородица ќе добијат рожба, поради што ги посетуваат нејзините цркви, изведуваат некои обичаи, се молат и принесуваат дарови.

Телото на Богородица било положено во гробот во Гетсиманската Градина и врз отворот бил ставен голем.

За празниците на Голема и Мала Богородица обичај е , посебно жените, да почитуваат забрани кои се однесуваат на работа по дома и околу куќата.

Исто така денес не е добро да се работи со рацете, посебно работи со игли, или воопшто да се почнува некоја нова работа.

Слични содржини