Искрената исповед на една средовечна жена, која околу 25 години се гледала со женет човек. Но сега конечно решила дека е време да го напушти. Зошто? “Јас го сретнав Сем кога бев на 39 години и минував низ тежок развод. Сопругот ме остави со 14-месечно бебе и не ни дозволи никаква финансиска помош. Се разбира, ми беше потребен добар адвокат и така се запознав со Сем.

Знаев дека е женет човек со 2 деца, но бев уплашена и осамена. Така и емоционално ранлива, наскоро почнав да развивам различни чувства кон него. Ја исористив неговата улога на адвокат и го повикав дома.
Работите многу брзо се случија и за кратко се најдовме во мојата спална соба. Веќе во следниот момент почнав да му го отјпчувам каишот
– Не, само немој ова … ме молеше тивко.
Но секое негово “не” значи дека не треба да се откажувам.
Почнавме да се гледаме речиси секој ден, а после 2 години ми подари златен прстен, на кој пишуваше “засекогаш”.
Сопругата еднаш се посомнева, но успеа да ја смири. Никогаш потоа не го прашуваше дали има афера.
Ме прашуваа како е да бидеш втора жена? Многу пријатели ме критикува, а јас таа улога најдобро знаев да ја играм.
Секогаш сум била “другата жена”. Кога мајка ми почина, татко ми се ожени повторно, а неговата нова сопруга отворено велеше дека не ме сака. Тоа влијаеше на нивната врска, па татко ми ме замоли привремено да се преселам во хотел. Бев само 15 години.
Понекогаш доаѓаше да ме види, а потоа си одеше. Значи, добро знам што е да бидам другата жена.
Во врска со Сем гледав како можност да ја менувам ситуацијата и конечно да станам на прво место.
Како неговите ќерки пораснаа и се здобија со дечиња, така семејните должности почнаа да растат. Но секогаш наоѓаше време за мене.
И по 15 години бев вљубена во него. Сеуште ги имав оние пеперутки во стомакот и се радував на секој заеднички момент.
Мој терапевт ме посоветува дека не можам толку да се надевам на чувства кон него, без разлика колку мислам дека се добри и убави.
Жешка попладне, додека јадевме сладолед во хотелот го прашав што ќе се случи со мене, ако тој почине одеднаш. Сакав да добијам потврда дека сум важна, верував дека ќе ме обезбеди и по неговата смрт. Но, наместо тоа добив нешто сосема поинакво.
– За тебе ќе направам се што можам, додека сум жив. Не сакам веќе да водиме вакви разговори, ми рече тој.
Бев повредена. Се чувствував многу глупаво. Наместо сама да си изборам и да најдам добро платена работа или човек кој не е зафатен, јас со години се потпирав на него. Во секоја смисла.
По неколку дена, во мене нешто се скрши. Никој не можеше да ја пополни дупката во моето срце, освен самата јас. Тогаш научив да се сакам себе. Веројатно ова ми недостигаше и со претходниот маж.
Конечно сфатив што значи живот. Излегов од нашиот хотел и продолжив да се движам напред со дигната глава. Никогаш повеќе не се вратив “