Обид за атентат на главниот бугарски обвинител со бомба со 3 килограми ТНТ!

од Nikola Popovski

Иван Гешев, државниот обвинител на Бугарија, вчера останал неповреден откако експлодирала бомба покрај блиндираниот автомобил во кој бил со семејството.

Бугарските власти потврдија дека се случила експлозија и случајот го означија како обид за убиство, јавуваат локалните медиуми.

„Иван Гешев беше цел на атентат, тоа не беше само заплашување“, рече неговиот заменик Борислав Сарафов.

Непознато лице поставило бомба на патот од Самоково кон село Ковачевци.

Сарафов информира дека обидот за атентатот се случил денеска околу 11:30 часот, кога Гешев патувал за Софија.

„Експлозијата се случи на делот од патот каде што се движи со помала брзина. Беше исклучително моќна. Очевидци велат дека виделе оган кој достигнал висина до пет метри. На местото на експлозијата има кратер длабока до 40 сантиметри и ширина околу три метри“, изјави Сарафов.

Тој тврди дека во бомбата имало околу 3 килограми ТНТ, но и многу фрагменти.

Слични содржини