Обид за силување на ученик во Ѓорче: Суспензија за еден наставник, дисциплинска против четворица и оставка на директорот

од Nikola Popovski
386 прегледи

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски изрази жалење и најсилна осуда за немилиот настан во едно основно училиште на територија на општината, во кој беа инволвирани ученици од најмалите одделенија.

Фрмирана е комисија која ќе поведува дисциплинска постапка против четири наставници, а веднаш е суспендиран еден наставник, одговорен за одделението.

-Во текот на денешниот ден оставка од лични и морални причини поднесе и директорот на училиштето, а веднаш е именуван и нов ВД директор. По утврдувањето на одговорноста на секој од нив, зависно од дејствијата кои ги презеле или пропуштиле, соодветно ќе бидат санкционирани, стои меѓу другото во објавата на градоначалникот.

Полицијата вчера извести дека 44 – годишен маж од Скопје вчера пријавил дека во периодот од 11 до 15 часот во двор на основно училиште на подрачјето на Ѓорче Петров, неговиот малолетен син бил физички нападнат од двајца негови соученици.

Според МВР, децата со тврд предмет се обиделе да извршат полово дејствие врз соученикот.

Слични содржини