Објава на Роналдо на Инстаграм вреди повеќе од 3,5 милиони долари

од Stefanija Kuzmanovska

Кристијано Роналдо е најмоќниот светски фудбалер на Инстаграм, барем во конкуренција на оние кои ќе настапат на Светското првенство во Катар, покажува истражувањето на аналитичарите на Нилсен Граценот, пишува Би-Би-Си.

Според нивните анализи, Роналдо забележал пораст на следбеници од дури 48 отсто во однос на минатата година, а секоја негова објава вреди повеќе од 3,5 милиони долари.

Рангирањето се заснова на алатка за мерење влијание која го зема предвид бројот на следбеници, зголемувањето на следбениците, стапката на ангажираност и просечната вредност на брендот по објава на Инстаграм. Роналдо е на врвот на рангирањето пред напаѓачкото трио на ПСЖ – Лео Меси, Нејмар и Килијан Мбапе.

Слични содржини