Објавен документ: Што пишува во пресудата за Бекер?

од Nikola Popovski
281 прегледи

Порашениот тенисер Борис Бекер беше осуден на две и пол години затвор пред судот Саутворк во Лондон за финансиска измама, со можност за преполовување на казната во случај на добро владеење.

Набргу по завршувањето на судењето, на порталот „Law pages“ беше објавена пресудата за шесткратниот Грен слем шампион.

Во образложението на пресудата се наведува дека Бекер е „прогласен за виновен по четири точки од обвинението“, додека за останатите 20 точки е прогласен за невин. Со оглед на тоа што го прекршил Законот за несолвентност од 1986 година, а имајќи предвид дека ова не е прв пат да прави вакви грешки, веднаш е наредено приведување, па казната на славниот тенисер веќе почна да тече.

Како датум за можното ослободување, наведен е 29 јуни 2023 година.

Целосниот документ можете да го погледнете подолу:

Слични содржини