Објавен идентитетот на дипломатката што си го одзеде животот

од Nikola Popovski
370 прегледи

38-годишната М.В. од Скопје е македонскaта дипломатка чие што мртво тело е пронајдено во нејзиниот стан во Њујорк, објавија дел од медиумите.

Полицијата ја пронашла дипломатката со ремен околу вратот и две испразнети шишенца со антидепресиви. Немало никакви знаци на насилство. Според Фокс њуз, се работи за самоубиство.

Според извештајот, во нејзиниот дом веднаш по брзата помош пристигнал и македонски дипломат, се претпоставува амбасадорот.

„Таа живееше тука две години и беше многу убава личност. Сите се чувствуваат лошо.“, изјавил Хернан Авила, мајстор во зградата, за весникот.

Откако заѕвонил одвнатре немало одговор и се посомневал дека нешто се случило. Официјалните лица во постојаната мисија во ООН каде што работела жената не одговориле веднаш на барањето за коментар, објавува Фокс њуз.

Слични содржини