Објавен извештајот за несреќата на Брајант

од Aleksandar Petrovski
303 прегледи

При увидот на остатоците од хеликоптерот, во кој загина НБА легендата Коби Брајант, немало никакви знаци дека имало проблеми со моторот. Експертите од американскиот Национален одбор за безбедност при транспорт го соопштија тоа во прелиминарниот извештај.

Инспекторите сугерираат дека лопатките на хеликоптерот ротирале за време на ударот со земјата. Ова е потврдено од исечените гранки на дрвјата на местото на настанот.

Во извештајот се истакнува дека дел од уредите биле оштетени од пожарот. Покрај тоа, сведоците на трагедијата објавија дека пред несреќата, хеликоптерот нагло се наклонил лево.

Хеликоптерот на Коби Брајант се урна на 26 јануари. Сите патници во него загинаа, вклучително и легендата на Лос Анџелес Лејкерс и неговата 13-годишна ќерка Џана.

Слични содржини