Објавен првиот трејлер за „No Time To Die“ (ВИДЕО)

од Elena Daskalova
415 прегледи

Официјално е објавен првиот трејлер за новиот филм за агентот 007, „No Time To Die“, кој е последен дел во кој Даниел Крег се појавува во улогата на Џејмс Бонд.

Тој досега го екранизираше Бонд во „Casino Royale“, „Quantum of Solace“, „Skyfall“ и „Spectre“.

Режисер е Кери Фукунага, кој стои зад првата сезона на „True Detective“ и лимитираната серија на Нетфликс „Maniac“. Ова за него е голем чекор во светот на мегафраншизите, кои се убедливо најпопуларните наслови во Холивуд.

Покрај Крег, во „No Time To Die“ се појавуваат и Ралф Финс, Наоми Харис, Бен Вишоу, Леа Сејду и Џефри Рајт, а како негативец се појавува оскаровецот Реми Малек. Се зборува дека и Кристоф Волц ќе се појави како негативецот од „Spectre“ во сосема кратка улога.

Слични содржини