Објавен список: За месечен хонорар од 10 денари, осум лица работеле во кабинетот на Касами

од Берта Китинска
319 прегледи

Градоначалникот на Општина Тетово Биљал Касами побара да ги вратат средствата тие што земале плата, а не работеле во општината.

„Вкупно 294 претходно вработени во општина Тетово или кои имале договор на дело не ми поднесоа извештај за нивното сработено, што значи земале плата а не работеле. Буџетот се оштетувал за сума од околу 1 милион евра годишно. Ние ќе побараме овие средства да се вратат, ако треба и по судски пат. Разберете, за многумина не можевме два месеца договорите да им ги најдеме, скриени по фиоките“, кажа Касами.

На Фејсбук страна на Општина Тетово се објавени имињата на осуммина хонорарци кои работеле во кабинетот на Касами во декември 2021, за што зеле месечен надоместок од 10 денари.

„Општина Тетово, залагајќи се за максимална транспарентност кон јавноста, го објавува списокот на договори на дело склучени со општина Тетово за месец декември 2021 година. Има вкупно 8 доброволни договори од по 10 денари. Овие лица се дел од кабинетот на актуелниот градоначалник.Овие договори се склучени меѓу физички лица и општина Тетово.Исто така, Ве известуваме дека овој тренд на транспарентност ќе продолжи тековно и сите договори на дело ќе се објавуваат секој 3-ти месец“, пишува во соопштението.

Слични содржини