Објавен списокот на состојки кои ја сочинуваат вакцината Фајзер

од Nikola Popovski
846 прегледи

Откако американската администрација за храна и лекови ја одобри вакцината „Фајзер“ за итна употреба на 11 декември, исто така започна и вакцинацијата.

Откриени се и состојките на вакцината што луѓето ќе ја примат низ целиот свет.

Во Америка, првите вакцинирани се здравствените работници и корисниците на домови за стари лица, додека сите што се надвор од критичните групи ќе мора да почекаат уште неколку месеци. Сепак, сите се заинтересирани за точниот состав на вакцината.

MRNA технологија

Вакцината на Фајзер против Ковид-19 е направена со употреба на понова технологија наречена гласник РНК (mRNA). Модерна ја користела истата технологија во развојот на својата вакцина.

РНК работи со кодирање на делови од шилестиот протеин кој се наоѓа на површината на вирусот САРС-КоВ-2. Вакцините кои работат на принципот на mRNA користат делови од кодираниот протеин за да создадат имунолошки одговор во организмот, кој потоа почнува да произведува антитела. Само откако вакцината ќе предизвика имунолошки одговор, телото ќе ги елиминира и протеините и mRNA.

Антителата ќе останат во телото, но сè уште не е познато колку долго.

Што има во вакцината против корона?

Објавен е и комплетниот список на состојки на вакцината против корона од Фајзер. Тоа се mRNA, липиди, калиум хлорид, монобазен калиум фосфат, натриум хлорид, дибазиден дехидрат на натриум фосфат и сахароза.

Липидите се следната клучна компонента на вакцината по mRNA.

„Липидите, се масти кои сочинуваат мала сферична обвивка околу mRNA“, вели Вилијам Шафнер, специјалист за заразни болести и професор на Универзитетот Вандербилт, за списанието „Хелт“.

„Липидите се начинот на кој вакцината се доставува до вашето тело и клетки“, додава експертот за инфективни болести Амеш Адаљ, виш предавач во Центарот за здравствена безбедност на „Џон Хопкинс“.

„Липидите помагаат да се задржи mRNA недопрена и стабилна сè додека не влезе во нашето тело и не започне да си ја работи својата работа“, објаснува др. Шафнер.

„После тоа, липидите се распаѓаат и телото ги отстранува. Затоа липидите се единствени за овој вид вакцини, а остатокот од состојките се многу чести кај вакцините”, изјавил за „Хелт“ Џејми Алан, професор и доцент по фармација и токсикологија на Универзитетот во Мичиген.

„Останатите состојки се многу чести и во другите вакцини. Калиум хлорид, монобазен калиум фосфат, натриум хлорид и дибазен натриум, фосфат се користат за одржување на стабилноста на вакцината, а сахарозата е чест стабилизатор“, додава Алан.

Експертите се согласуваат дека сите состојки во вакцината имаат смисла и дека нема ништо на списокот што предизвикува загриженост.

Слични содржини