Пратеникот во Собранието на С. Македонија, Јован Јаулески го објави текстот на резолуцијата кој неговата партија ВМРО-ДПМНЕ планира да го достави.
„Ќе поднесеме резолуција која што ќе ги дефинира македонските државни позиции за евроинтеграции и позиции (црвени линии) по однос на негирањата на македонскиот јазичен, културен или национален идентитет.
Оваа резолуција мора да биде прифатена од сите политички партии кои Македонија ја чувствуваат за своја татковина и заеднички донесена бидејќи се работи за иднината на државата и нашето постоење.
Секое негирање или отфрлање на овој документ кој не е само политички текст на ВМРО – ДПМНЕ ќе значи склоност кон ново предавство.
Ако заеднички си ја заштитиме – Македонија ќе постои уште посилна и никој нема да ја користи како алатка за лечење комплекси“, вели Јаулески.