На српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ му беше вратена визата, но судењето повторно беше одложено. Судијата рече дека Новак е слободен во следните 30 минути, а владата може да ја искористи својата моќ да му ја укине визата и да му забрани да доаѓа во Австралија на три години.
Во меѓувреме, објавен е транскрипт од неговиот разговор со персоналот на Граничната служба. Дел од разговорот, емитуван од The Age, започна на 6 јануари во 12:21 часот на аеродромот во Мелбурн.
Гранична служба: Кои беа вашите причини за патување во Австралија?
Ѓоковиќ: Јас сум професионален тенисер и главната причина за моето доаѓање во Австралија е учеството на Австралија опен во Мелбурн.
Гранична служба: Ви благодариме. Сега прашањето за вакцинација. Дали сте вакцинирани?
Ѓоковиќ: Не сум вакциниран.
Гранична служба: За КОВИД-19? Не сте вакцинирани?
Ѓоковиќ: Не сум вакциниран.
Гранична служба: Ви благодариме. Дали некогаш сте имале КОВИД?
Ѓоковиќ: Да.
Гранична служба: Кога?
Ѓоковиќ: Двапати имав КОВИД. Имав КОВИД во јуни 2020 година и неодамна имав КОВИД – Бев позитивен – ПЦР – 16 декември 2021 година.
Гранична служба: Ви благодариме. Извинете кој беше датумот? 16 декември?
Ѓоковиќ: 16 декември 2021 година, имам и документи за потврда дека ако сакате можам да поднесам.
Гранична служба: Ви благодариме. Само ќе направам фотокопија од тие документи.
Ѓоковиќ: Да. Ова се ПЦР тестови – ова е – да, значи овој е позитивен од 16 декември.
По првиот дел од разговорот и по предавањето на сите документи со кои располага, Новак во 03:55 часот бил известен дека се размислува за одземање на визата.
– Ова е известување за намера да се размислува за откажување… Така, откако ќе ви го предадам ова известување, ќе ви дадам приближно 20 минути, можете да побарате повеќе време, да ни дадете причини зошто не треба да ја отповикаме вашата виза – му рекол офицер на границата.
– Не разбирам, ми ја укинувате визата или? – првично одговорил Ѓоковиќ и изјавил дека не знае што друго сакаат бидејќи им ги дал сите документи што ги имал.
Ѓоковиќ: Навистина не знам што би правел во 4 часот наутро. Ако ми дозволите да се префрлам на мојот мобилен телефон и да се јавам на агентот и да се обидам да добијам документи од Австралиската тениска федерација. Бидејќи е 4 часот, очигледно сите спијат, а ова е единственото нешто што можам да го направам затоа што навистина немам ништо повеќе да обезбедам освен документација.
Со тоа се потврдија информациите дека Ѓоковиќ на 16 декември по втор пат добил позитивен ПЦР тест.
На 17 декември тој беше снимен во друштво на голем број деца, на кои им делеше пехари за најдобрите тенисери во Белград, а од фотографиите се гледа дека не држи дистанца и не носи маска.
Француски „Л’Екип“ потоа објави фотографија од Ѓоковиќ во нивната редакција, на која најдобриот тенисер на сите времиња беше на 18 декември на снимање на репортажа, а за време на тоа снимање никому не кажал дека е позитивен на коронавирус.
Целиот транскрипт од разговорот погледнте го подолу: