Објавен трејлерот за 9-от дел од „Star Wars“

од desk4
468 прегледи

На 20 декември 2019 во кината ќе почне да се прикажува последниот, деветти дел од сагата „Star Wars“ (Војна на ѕвездите). Конечниот трејлер го носи слоганот „Сагата завршува, приказната живее засекогаш“.

Обожавателите на „Star Wars“ со месеци ја чекаа финалната реализација на трејлерот за 9-от дел од филмот, кој го носи насловот „The Rise of Skywalker“.

Приказната започна во далечната 1977 година, со „A New Hope“, па продолжи како трилогија. При крајот на 90-тите и почетокот на 2000-те беше снимена „преквел“ трилогијата, односно почетоците, за во 2015 сагата да се врати на големите екрани со „The Force Awakens“. Осмиот дел беше реализиран на крајот на 2017-та, а со 9-от дел завршува познатата сага.

Како режисер и продуцент повторно се враќа ЏЏ Абрамс, а во улогите ќе ги гледаме Дејзи Ридли, Адам Драјвер, Џон Бојега, Оскар Ајзак и Лупита Нјонго, како и оригиналниот член на поставата, Марк Хамил.

Во филмот ќе има сцени и со покојната Кери Фишер, која почина во 2016 година, а која во „Star Wars“ ја глумеше принцезата Леа, сестрата близначка на Лук Скајвокер, со кого беа разделени на раѓање, по смртта на нивната мајка Падме, односно преминувањето на темната страна на татко им Анакин, познат како Дарт Вејдер.

Погледнете го трејлерот кој го најавува крајот на една долга и прекрасна сага:

Слични содржини