294
Објавен е првиот трејлер за филмот „Дина 2“.
Во продолжението, кое ќе се појави во кината на 3 ноември, Пол (Тимоти Шаламе) се здружува со Шани (Зендаја) и Фремен додека бара одмазда против заговорниците кои го уништија неговото семејство.
„Соочен со избор помеѓу љубовта на неговиот живот и судбината на Универзумот, Пол мора да спречи ужасна иднина која само тој може да ја предвиди“, се вели во описот на филмот.
Покрај Тимоти Шаламе и Зендаја, во филмот глумат и Ребека Фергусон, Џош Бролин, Хавиер Бардем, Дејв Баутиста, Стелан Скарсгард, Шарлот Рамплинг и други, пишува NME.