267
Новоизбраниот турски претседател Реџеп Тајип Ердоган ќе положи заклетва во сабота на 3 јуни, додека новата влада на земјата би можела да положи заклетва следниот ден, изјави извор од Анкара за ТАСС.
„Претседателот ќе положи заклетва и ќе ја преземе функцијата во сабота. Во недела се очекува членовите на кабинетот да положат заклетва и да почне со работа новата влада“, рече тој.
Портпаролот на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) Омер Челик рече дека Ердоган би можел да го објави составот на новата влада веднаш по положувањето заклетва. Се очекува само тројца министри од актуелната влада да ги задржат функциите – за надворешни и внатрешни работи, и одбрана.