Објавена казната на Анхел Кореа

од Vladimir Zorba
8 прегледи

Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Анхел Кореа доби суспензија од пет натпревари поради неговото исклучување во поразот од Хетафе со 2-1. Четири од нив се за навредливи зборови кон судијата и еден за црвен картон. Санкцијата се однесува и на Ла Лига и на Купот на Шпанија.

Кореа беше испратен во соблекувалната по прекршокот во 86. минута и ВАР интервенција. Откако беше исклучен, тој го пцуеше судијата Куадра Фернандез, употребувајќи непристојни зборови.

Аргентинецот веќе 10 години игра за Атлетико Мадрид и има над 300 натпревари за „јорганџиите“.

Слични содржини