Објавена листата: Колку Македонци земале бугарски пасоши во 2024?

од Nikola Popovski
94 прегледи

Според годишниот извештај за активностите на Комисијата за бугарско државјанство под водство на потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова, лани бугарско државјанство добиле над 16 илјади лица. Ова е за 4 илјади повеќе отколку во 2023 година. Според податоците, на прво место се државјани од Украина и Турција.

Како што пренесуваат бугарските медиуми, над 2.400 лица од Украина добиле бугарски пасоши минатата година. Турција е на второто место. Речиси 2.200 лица од нивниот јужен сосед се стекнале со бугарско државјанство. Следува Молдавија со над 1.800 бугарски пасоши (1887). На четврто место се државјани од Македонија, со речиси 1.700 лица кои добиле бугарско државјанство минатата година. Следни се Албанија (1328) Србија, Русија, Израел и Сирија.

Интересен факт е дека и 108 Аргентинци добиле бугарски пасоши.

-Минатата година потпретседателката издала 227 декрети за добивање на бугарско државјанство на над 16.500 лица. Над 11.700 од нив го добиле по потекло, родител, бугарски државјанин или општа натурализација. Речиси 4.500 луѓе го вратија своето бугарско државјанство. Поради забрана за престој во Шенген зоната, лажни документи и други прекршувања, натурализацијата на 38 лица е укината. На речиси 6.000 апликанти им е одбиено бугарското државјанство, стои во соопштението од бугарските институции, пренесуваат тамошните медиуми.

За разлика од претходните години, кога најмногу бугарски пасоши се издавале на македонски граѓани, во 2024 година на првите две места по нови државјани се Украина и Турција, со 2.436, односно 2.163 лица.

Слични содржини