Годишното рангирање на 50-те најдобри плажи во светот го направи Big 7 Travel, комбинирајќи фактори како Синото знаме, популарноста на плажите на социјалните мрежи и впечатоците на уредничкиот тим.
„Главната награда“ оди на Вајт Бич на Филипините, која е наведена како „нерасипан скапоцен камен“ со „лежалки, прашкаст бел песок, кајаци за изнајмување и, се разбира, кристално чиста вода“, пренесува Дејли Меил.
Плажата Кабо Сан Хуан во Колумбија е втора, додека плажата Жалузи во Света Лусија, „убавина“ врамена со вулкански врвови, е трета. Меѓу првите пет се плажите на Занзибар и Австралија, а во топ 10 е вклучена и грчка плажа која често се наоѓа на листите на најубави – познатата плажа Навахо на Закинтос, позната по потонатиот брод што таму стои од бродоломот во 1983 година.
„Остатоците од бродот лежат во центарот на огромна бела песочна плажа, покриена со тиркизни води и поддржани од високи карпи“, пишува Big 7 Travel.
Проверете ја листата на првите десет.
1. White Beach, Филипини
2. Cabo San Juan Beach, Колумбија
3. Jalousie Beach, Ст.Лусија
4. Kendwa Beach, Занзибар
5. Whithaven Beach, Австралија
6. Source D’Argent, Сејшели
7. Navagio Beach, Грција
8. Grace Bay, Туркс и Каикос
9. Lang Co Beach, Виетнам
10. Hyams Beach, Австралија