Објавена мапа на Европа: Младите од Македонија заостануваат во користењето на вештачка интелигенција

Вештачка интелегенција користат 45,4 проценти од младите во земјава, во споредба со европскиот просек од 63,8 отсто

од Nikola Popovski
25 прегледи

Европската агенција за статистика Евростат објави податоци за 2025 година за тоа колку граѓаните, првенствено младите, во европските земји користеле алатки за вештачка интелигенција (ВИ). Евростат објави и податоци за земјите кои не се дел од Европската Унија, а ова особено се однесува на земјите од Западен Балкан. Според овие информации, алатки за генерирана вештачка интелеганција во Македонија користат 45,4 отсто од младите на возраст од 16 до 24 години, што е под европскиот просек од 63,8 проценти.

Меѓу земјите во нашиот регион, пак, ВИ користат 65,4 проценти од младите во Босна и Херецеговина, 58,2 во Хрватска, 50 во Бугарија и 47 отсто во Србија.

Европскиот просек од 63,8% е речиси двојно од уделот на луѓето во општата популација кои ги користеле овие алатки (32,7% од оние на возраст од 16 до 74 години).

Младите луѓе ја воведуваат употребата на генеративна вештачка интелигенција во различни области од животот. Употребата на генеративна вештачка интелигенција за приватни цели била почеста кај младите луѓе (44,2%) отколку кај општата популација (25,1%).

Меѓу земјите од ЕУ, најголем удел на лицата на возраст од 16 до 24 години кои користат алатки за генеративна вештачка интелигенција е забележан во Грција (83,5%), Естонија (82,8%) и Чешка (78,5%). Најмал удел е забележан во Романија (44,1%), Италија (47,2%) и Полска (49,3%).

Слични содржини