Најмалку пет лица беа убиени кога хулигани и приврзаници на Доналд Трамп влегоа во зградата на Конгресот на Капитол Хил на 6 јануари и се судрија со полицијата, по протестот на кој граѓаните изразија незадоволство, сметајќи дека претседателските избори во ноември минатата година биле наместени.
Во меѓувреме, американските медиуми објавија ново видео од жесток судир меѓу органите на прогонот и демонстрантите.
На видеото се гледа како демонстрантите влечат полицаец по скалите и потоа го удираат и газат, тврди „Њујорк пост“.
Discretion advised. The violence was not just small acts. it was widespread.
— Gavin Sheridan (@gavinsblog) January 11, 2021
Според американските медиуми, полицаецот Брајан Сикник починал како резултат на судирот со поддржувачите на Трамп.
Покрај него, беа убиени уште четири лица, меѓу кои и ветеранот на военото воздухопловство, Ешли Бебит.