Објавена поетската збирка ‘Град’ на Иван Џепароски со превод од Рајко Лукач

од Љубиша Владимиров
311 прегледи

Во Белградската издавачка куќа “Граматик” неодамна беше објавена поетската збирка “Град” на македонскиот поет и естетичар Иван Џепароски. Оваа книга беше преведена од македонски на српски јазик од страна на познатиот српски поет и писател Рајко Лукач.

Книгата “Град” целосно е посветена на родниот град на поетот Џепароски, Скопје, и прикажува повеќе песни поврзани со земјотресот во Скопје во 1963 година.

Ова е втората поетска збирка на Иван Џепароски преведена од Рајко Лукач, откако во 2018 година беше објавена првата, “Светлината на Света Гора” (позната и како “Светлост Свете Горе”). За ова поетско дело, Џепароски доби најпрестижната поетска награда во Македонија, “Награда Браќа Миладиновци” на Струшките вечери на поезијата, во 2016 година.

Слични содржини