Пријателката на покојната британска водителка Каролин Флек објави фотографија за која се верува дека е нејзина последна фотографија. Каролин со ТВ продуцентката Моли Гросберг го поминала Валентајн, а неколку часа подоцна си го одзела животот.
„Нашиот забавен Валентајн, купивме колачи и овесно млеко оваа година“, напишала Моли покрај фотографијата на покојната пријателка.
Британските медиуми пишуваат дека Моли ја презела грижата за Каролин, но и дека ја предупредила полицијата дека водителката има суицидални мисли. Пиела антидепресиви, но била уплашена пред судењето.
Иако обвинителството ја отфрлило можноста за подигање тужба поради нападот, Каролин неодамна дознала дека полицијата подигнала тужба против неа, пишува The Sun.
Откриено е дека еден ден пред тоа во нејзиниот стан дошла итна помош поради загриженоста на нејзините блиски за нејзиното добро, но не ја однеле во болница. Пријателите тврдат дека многу се плашела од она што може да биде прикажано против неа на судењето за нападот врз нејзиното момче. Се погласно се поставува прашањето дали е направено доволно да и се помогне во борба против депресијата и нападите на паника.