Објавена Шангајската листа за 2023, во првите илјада повторно нема ниеден универзитет од Македонија

од Nikola Popovski
655 прегледи

На новата Шангајската листа на најдобрите универзитети во светот (ShanghaiRanking Consultancy) нема ниеден универзитет од Македонија, но во првите илјада нема ниту универзитети од Бугарија и Албанија. Ова е трета година по ред како меѓу најдобрите илјада универзитети во светот, нема ниту една македонска високообразовна установа.

Од универзитетите во регионот, универзитетот во Белград ја подобрил својата позиција. Како што е објавено, Универзитетот во Белград е рангиран меѓу 301-во и 400-то место на листата. Универзитетот во Нови Сад ја задржал минатогодишната позиција, меѓу 901 и 1000 место.

Од останатите, Универзитетот во Загреб ја задржал својата позиција меѓу 401. и 500. место, додека Љубљанскиот универзитет остварил полошо рангирање и на листата се наоѓа меѓу 601. и 700. место.

Шангајската листа е неформална, но се смета за една од најпочитуваните.

Универзитетот Харвард од САД е на врвот на листата веќе 21 година. На второ место е Универзитетот Стенфорд, а на трето Институтот за технологија Масачусетс (МИТ) – сите од САД. Американските универзитети, всушност, држат 14 од најдобрите 20 места на Шангајската листа.

Слични содржини