Објавена снимка на водачот на ИД, прва од 2014 година

од desk2
173 прегледи

 

Иако повеќепати се појавија гласини дека е мртов, сепак, шефот на Исламска држава, Еб Бакир ал-Багдади се појавува на ново пропагандно видео на ИД, јави Fox, повикувајќи се на SITE, разузнавачка група која ги следи расистите и џихадистите.

Се работи за прва фотографија, односно снимка на шефот на ИД од јули 2014 година.

На снимката Багдади седи и разговара со други џихадисти, чии лица се скриени. Зборува за војната во Сирија, а се спомнуваат и некои актуелни случувања.

За него веќе со години не се знае ништо, а во повеќе наврати се појавија гласини дека е мртов.

Во еден од бројните напади против ИД е ранет.

САД нудат 25 милиони долари за информации кои би довеле до негово апсење.

На сликата се гледа е дека е малку подебел и постар, а брадата му е густа и седа.