Објавени ФОТОГРАФИИ од забава каде Словенците консумираат алкохол и пушат наргиле

од Vladimir Zorba
466 прегледи

Шпанска кошаркарка може да им создаде голем проблем на словенечката кошаркарска репрезентација и Лука Дончиќ.

Имено, Лука и уште неколку словенечки кошаркари беа снимени како конзумираат алкохол, играат покер и уживаат во наргиле за време на Олимпијадата во Токио, во потполно опуштена атмосфера, а сето тоа беше објавено од Кристина Овиња.

Фотографиите ги избриша многу брзо бидејќи сфати што направила, и не помогна што се извини на Лука Дончиќ и другите играчи со кои се дружеше.

– Би сакала да им се извинам на оние што беа вознемирени од сликите што ги објавив на Инсатграм, а особено на членовите на словенечката делегација. Погрешив што ја споделив фотографијата, но сакам да нагласам дека сите спортисти кои се во Токио се свесни за пандемијата и дека не треба да комуницираме со никого надвор од селото – напиша Овиња.

Слични содржини