Објавени имињата на „тајните“ хонорарци: Кој е на списокот на Владата?

834 прегледи

Владата денес ги објави имињата на хонорарците кои се ангажирани, а кои изминативе денови ја кренаа јавноста на нозе поради неоткривањето на имињата и за што земаат надомест.

Истражувајќи што исплаќа Владата, БИРН преку Барање за слободен пристап до информации од јавен карактер пред неколку дена ги доби сите фактури што биле исплатени преку авторската агенција „Артпицк“ за декември 2020 под ставката други договорни услуги.

Наодите покажале дека Владата со над 250 вработени во Генералниот секретаријат, дополнително лани во декември ангажирала 58 луѓе, ама за разлика од вработените што се наведени со име и презиме, овие хонорарци беа скриени.

Но од Владата денеска ги открија имињата за кои истражувачката мрежа ги покрена прашањата.

На оваа листа, како што објави Владата, може да се видат имиња како Петрит Сарачини, кој зема хонорар во висина од 42.000 денари за Акумулирање, средување и анализа на информации и податоци за изготвување извештај со елаборирање и презентација за координација на медиумски мониторинг. 

Исто така, тука е и универзитетскот професор, Ванчо Узунов кој зема хонорар во висина од 53.000 денари, и тоа за ангажман: Координација на активностите поврзани со регионалната економска интеграција на Република Северна Македонија со позиција (ШЕРПАС) – национален координатор за МАП и РЕА, како и поддршка на активностите на тимот за скрининг и преговори.

Од Владата велат дека согласно заложбата за отвореност, транспарентност и достапност на сите информации од интерес на јавноста, објавувањето на оваа листа потврдува дека нема тајни хонорарци, ниту се анонимни, ниту тајно ангажирани. Точно се знае за што Владата ангажира физички лица надвор од редот на вработените, за кој временски период, за колкав финансиски надомест. Тие ангажмани се строго професионални и се реализираат во целост.

На следниот ЛИНК имињата на соработниците кои досега не беа познати на јавноста.

Слични содржини