Објавени имињата на тројцата убиени Срби, утре ден на жалост во Србија и Република Српска

од Radmila Tasevska
421 прегледи

Стефан Недељковиќ, Игор Миленковиќ и Бојан Мијаиловиќ загинаа во судирите во Косово кај селото Бањска, објави вечерва РТС, информирајќи дека Владата на Србија поради тоа го прогласи утрешниот ден, среда, за ден на жалост.

Владата бара од организаторите на јавните демонстрации и од сите медиуми да ја прилагодат програмата на денот на жалост и на тој начин да им оддадат почит на загинатите на Косово и Метохија, јави РТС.

Тридневна жалост ќе започне утре во српските заедници во Косово, а ден на жалост е прогласен и во Република Српска.

Неколку стотици граѓани денеска се собраа во центарот на Звечан, каде запалија свеќи пред споменикот на кралот Милутин, заедно со фотографии од тројца Срби од северот на Косово кои загинаа во конфликт со косовската полиција.

Слични содржини