Италијанскиот фудбалски сојуз ги казни Ромелу Лукаку и Златан Ибрахимовиќ за инцидентот на четвртфиналниот натпревар од Купот на Италија меѓу Интер и Милан (2-1).
Напаѓачите на клубовите од Милано влегоа во конфликт на крајот на првото полувреме. Лукаку бесно се упати кон Ибрахимовиќ, а останатите играчи спречија поголем инцидент. Белгиецот и Швеѓанецот се навредуваа и ги споменуваа своите мајки, а инцидентот траеше цела минута и продолжи во тунелот кон соблекувалните.
Италијанската федерација ги казни двајцата со по еден натпревар неиграње во купот. Ибрахимовиќ доби црвен картон на спорниот натпревар, но нема да мора да пропушти два натпревари, туку само еден.
Имено, дисциплинската комисија го казни Ибрахимовиќ за црвениот картон со една натпревар неиграње, а Лукаку за лошото однесување и навреда на противникот.