Објавени локацијата и времето на погребот на Диого Жота

од Vladimir Zorba
20 прегледи

Диого Жота и неговиот брат Андре ќе бидат погребани утре во 10:00 часот по локално време во Гондомар (општина во областа Порто), според медиумите во Португалија. Навивачите веќе се собраа пред капелата, односно црквата, а солзи, цвеќиња, свеќи и тишина го опкружуваат родното место на играчот на Ливерпул.

Телата на браќата веќе се донесени во капелата, а семејството е видено надвор како прима сочувство од собраните луѓе. Во меѓувреме, од патот каде што загина Диого Жота се појавија шокантни снимки.

Тие покажуваат дека едноставно немало спас за играчот на Ливерпул и неговиот брат, бидејќи пожарот се проширил на целиот автомобил за неколку секунди.

Неколку минути подоцна, еден од возачите на камиони што поминал покрај местото на настанот го снимил автомобилот на португалскиот репрезентативец како гори, додека делови од Ламборџинито биле расфрлани по патот.

Слични содржини