Објавени нови документи поврзани со Епстајн: За време на распитот 500 пати повторил еден збор

од Stefanija Kuzmanovska
274 прегледи

Објавена е петтата и последна серија судски документи поврзани со сексуалниот престапник Џефри Епстајн, кои беа објавени како дел од тужбата во 2015 година поднесена од жртвата на трговија со луѓе Вирџинија Џуфре.

Меѓу 1.400 страници записи се и изјавите на Џефри Епстајн и неговата поранешна партнерка Гислејн Максвел, која моментално отслужува 20-годишна затворска казна за нејзината вмешаност во злосторствата на американскиот финансиер.

Судските записи вклучуваат транскрипт од сведочењето на Епстајн од 2016 година, во кое тој постојано се повикувал на своето право против самоинкриминација од Петтиот амандман, јавува Би-Би-Си.

За време на вкрстено испрашување, адвокатот на Вирџинија Џуфре, го прашал Епстајн дали ѝ било кажано да даде „детален извештај“ за нејзините наводни принудни сексуални средби со моќни мажи како што е британскиот принц Ендру.

Адвокатот прашал дали ова било наменето да се користи како „материјал за уцена“, додека Епстајн одбил да одговори на какви било прашања, изговарајќи го зборот „петти (амандман)“ повеќе од 500 пати.

Џефри Епстајн, исто така, на сведочењето одбил да каже дали ја познава Гислејн Максвел.

Вирџинија Џуфре претходно го обвини Епстајн дека трипати ја продал на војводата од Јорк, а новите документи од нејзиното сведочење откриваат дека таа наводно била платена помеѓу 10.000 и 15.000 долари за една средба со принцот.

Покрај принцот Ендру, таа тврдеше дека била принудена да има сексуални односи со професорот по право на Харвард Алан Дершовиц, шефот на компанијата „Викторија сикрет“ Лекс Векснер, милијардерот Глен Дабин, поранешниот американски мировен пратеник Џорџ Мичел, како и неименуван премиер.

Сите споменати мажи ги отфрлија обвинувањата, пишува Би-Би-Си.

Слични содржини