ОБЈАВЕНИ ПРИСЛУШУВАНИ РАЗГОВОРИ НА РУСКИ ВОЈНИЦИ ВО УКРАИНА: „Никој не ни кажа дека одиме во војна. НЕ ПРАТИЈА ВО „КЛАНИЦА“ (АУДИО)

од Vladimir Zorba
182 прегледи

Украинските разузнавачи споделија со „Њујорк Тајмс“ комуникација на руски војници во која тие ја опишуваат армијата во неред.

„Путин е будала. Тој сака да го освои Киев. Но, нема шанси да го постигнеме тоа. Нашите напади се во застој. Ја губиме војната. Половина од нашата единица беше убиена. Не пратија во кланица. Кога ќе се вратам дома, ќе дадам отказ“.

Ова се наводно само дел од пораките што руските војници од бојното поле во Украина ги испратиле до своите семејства, сопруги, пријатели и роднини, а кои ја откриваат вистинската состојба на теренот на самиот почеток на инвазијата.

– Киев ќе падне за неколку дена – оваа реченица им ја повторија нивните команданти како мантра кога на крајот на февруари беа испратени на „специјална воена операција“ во Украина. Сепак, соочени со жестокиот украински отпор, првичното напредување на руските трупи брзо заглави, а руските сили се соочија со бројни логистички предизвици, недостиг на храна и гориво. Додека ситуацијата на теренот беше поразителна, московските пропагандисти го уверуваа народот дека сè напредува според планот.

Разочарани и гневни руски војници не ги послушале наредбите и од мобилните телефони им се јавиле на своите сопруги, семејства и пријатели во Русија за да се пожалат на Путин, недостигот на опрема и нивните команданти кои ги лажеле за мисијата на која биле испратени. Нивните повици беа прислушувани од Украина, а „Њујорк тајмс“ ги преведе и објави. Разговорите го откриваат очајот на руските борци во првите неколку недели од инвазијата на Украина, додека се обидуваа да го заземат Киев.

– Никој не ни кажа дека одиме во војна – ѝ рекол војникот Сергеј на мајка си и додал дека биле предупредени ден пред да заминат.

Слични телефонски разговори воделе и други војници.

– Ни рекоа да одиме на тренинг кој ќе трае два-три дена. Не излажаа како деца – му се пожали Никита на својот пријател.

Обемот на повиците илустрира колку лоша Москва била во планирањето на логистиката и одржувањето на дисциплина меѓу своите војници.

– Нашиот став е с*ање, така да се каже. Отидовме во дефанзива. Нашите напади се во мирување – и рекол Сергеј на мајка си.

На својот татко му открил дека Украинците ги кренале во воздух мостот и браната, дека патиштата се поплавени, а нивните тенкови и оклопни транспортери биле запалени.

-Кохолите (погрден термин за Украинците) напредуваат, а ние само стоиме… Никогаш не замислував дека ќе завршам во вакво с*ање, рече Никита.

Војниците опишуваат како им недостига оружје и основна опрема како што се уреди за ноќно гледање и соодветен оклоп. Еден војник открива дека почнале да ги вадат панцирите од мртвите тела на Украинците, а друг вели дека нивната опрема е „древна“.

– Не е модерно како што е прикажано на Звезда (државна руска телевизија) – изјави Роман.

Во средината на март – три недели по почетокот на инвазијата – војниците ги информирале своите роднини за големите загуби. На телефонот што го споделија членовите на 331-та воздушна единица, војник по име Семјон проценува дека една третина од неговата единица е убиена. Војник по име Андреј му кажува на својот татко дека повеќе од половина од неговата единица е „исчезната“ и дека нивниот командант Сергеј Сухарев бил убиен во битка.

Од другата страна на жицата, роднините и пријателите им ги опишуваат редовите тела и ковчези кои секојдневно пристигнуваат во Русија. Во шок, некои семејства почнале да посетуваат психолози. Семејствата им откриваат како ги чувствуваат последиците од санкциите и како растат цените на основните прехранбени производи.

Телефонските повици откриваат криза на моралот за време на офанзивата на Киев. Нетрпеливоста, стравот и заморот стануваат сè повообичаени додека војниците опишуваат армија во неред.

– Да бидам искрен, никој не разбира зошто треба да ја водиме оваа војна – и вели Сергеј на својата девојка.

Други војници се жалат на ниски температури и смрзнатини, тешки услови за спиење и логистички дефекти. Војниците велат дека упаднале во месарницата и убиле кокошки, прасиња и ној бидејќи немале повеќе храна. Тие гледаат на профитот како главна причина за останување во војната – во еден ден битка војниците заработуваат три пати повеќе отколку во Русија, а некои од нив прибегнаа и кон грабеж.

– Тие се дивјаци… Крадат сè, телевизори, мелници, шрафцигери и куфери – вели Евгениј, додека друг војник вели: „Ќе го донесам Кавасакито дома“.

Многу војници изразуваат презир кон нивните команданти, кои ги сметаат за одговорни за смртоносните тактички одлуки, додека други го критикуваат претседателот Путин.

– Мамо, оваа војна е најглупавата одлука на нашата влада досега – ја сумираше ситуацијата Сергеј во еден разговор со неговата мајка.

Неодамна, Москва пресели трупи од Харков во близина на Керсон на југ. Уморните и неискусни војници се соочија со разорен контранапад во кој Киев повторно зазеде повеќе од 3.000 квадратни километри територија. Рускиот претседател Владимир Путин тогаш најави мобилизација на стотици илјади руски млади момчиња кои ќе бидат испратени во вооружените сили и испратени да се борат во Украина.

Сепак, многу од овие војници се неискусни или недоволно обучени, и како што се повеќе и повеќе неискусни војници одат во војна, најверојатно ќе има повеќе телефонски повици до мајки и сопруги во Русија наскоро, и тоа повеќе од кога било.

Слични содржини