Досега невидени фотографии на британската кралица Елизабета од нејзините помлади денови, направени пред таа да дојде на тронот, ќе бидат прикажани во новиот документарен филм што ќе се емитува на крајот на овој месец, објави Бакингемската палата.
Телевизиската програма на 29 мај, за време на која ќе бидат емитувани делови од приватните снимки на кралицата додека била принцеза од нејзината лична колекција, ќе претходи на прославата на 70-годишнината од нејзиното владеење.
– Овој документарец дава поглед на една многу интимна страна на кралското семејство која ретко имаме прилика да ја видиме, прекрасно е што ќе го споделат со јавноста по повод нејзиниот платинест јубилеј – изјави уредникот на Би-Би-Си Сајмон Јанг.
Кралицата годинава наполни 96 години, а на крајот на месецот ќе го прослави платинестиот јубилеј, односно 70-годишнината од нејзиното крунисување.