Објавени првите резултати од изборите во Белорусија: Еве колку гласови има Лукашенко

од Nikola Popovski
86 прегледи

Гласањето на претседателските избори во Белорусија заврши, а според првичните неофицијални резултати, шефот на државата Александар Лукашенко води со 87,6 отсто од гласовите, изјавил Павел Алексо, претседателот на тамошниот Комитет на младински организации за Првиот информативен канал.

„За Олег Гајдукевич гласале 1,8 отсто, за Ана Канопатскаја 1,6 отсто, за Александар Лукашенко 87,6 отсто, Сергеј Сиранков добил 2,7 отсто од гласовите, Александар Хижњак 1,2 отсто, а против сите гласале 5,1 отсто“, истакнал тој.

Според првичните информации, гласале околу 81 отсто од запишаните во избирачкиот список.

На претседателските избори во Белорусија, освен за актуелниот шеф на државата Александар Лукашенко, гласачите можеа да гласаат и за претседателот на Либерално-демократската партија, Олег Гајдукевич, бизнисменката Ана Канопатскаја, првиот секретар на Централниот комитет на Комунистичката партија Сергеј Сиранков и претседателот на Републиканската партија за труд и правда, Александар Хизњак.

Слични содржини