Објавено името на напаѓачот од Финска, напаѓа жени

од desk2
83 прегледи

Надлежните во Финска го објавија името на напаѓачот кој во градот Турку уби две лица и рани уште осум.


Полицијата го рани, а потоа го уапси 18-годишниот Мароканец, Абдерахман Мека.

Тој во моментот е во болница.

Полицијата порано соопшти дека нападот го третира како терористички, а се наведува дека Мека намерно целел на жени.