Објавено името на новиот државен секретар на САД

од Nikola Popovski
328 прегледи

Американскиот Сенат денес со големо мнозинство го потврди назначувањето на Ентони Блинкен за шеф на американската дипломатија.

Новиот државен секретар доби 78 гласа „за“ и 22 гласа „против“, што е многу подобар резултат од неговите претходници Рекс Тилерсон (56 гласа) и Мајкл Помпео (57 гласа).

Многу републиканци денес гласаа за Блинкен.

За време на разговорите во Сенатот минатата недела, Бликен вети дека ќе ги „оживее“ сојузите што беа загрозени за време на претходниот претседател на САД, Доналд Трамп и дека ќе ги врати САД на „фронтот“ после едностраноста и поделбите, „за кои се залагала поранешната американска дипломатија“.

Новиот државен секретар на САД ги освои симпатиите на републиканците затоа што рече дека Трамп „со право заземал поцврст став кон Кина“.

Слични содржини