Објавено ВИДЕО од апсењето и првиот разговор со момчето кое усмрти три лица во Тајланд

од Stefanija Kuzmanovska

Тајландската полиција соопшти дека момче (14) било уапсено по пукањето во трговски центар во Бангкок.

Службите за итни случаи соопштија дека најмалку три лица се убиени, а три други се повредени во пукање во трговскиот центар „Сиам Парагон“. Тајландската телевизија PBS јави дека пет лица се ранети.

Полицијата објави и фотографија од апсењето на тинејџерот, а објавено е и видео од безбедносната камера на кое се гледа како се предава.

Непроверените видеа објавени на социјалните мрежи покажуваат луѓе, вклучително и деца, како трчаат низ вратите на трговскиот центар додека обезбедувањето ги придружувало надвор.

На едно од видеата се гледаат луѓе кои се кријат во затемнета просторија во ресторанот, додека телевизијата во живо прикажува долги редици сообраќај надвор од трговскиот центар при силен дожд.

Слични содржини