Лидерот на Чеченија, Рамзан Кадиров е виден во јавноста по гласините дека е болен и во кома!
На краткото видео се гледа како Кадиров шета и разговара со своите синови и со другите членови на семејството.
Видеото на својот Инстаграм профил го објави помошникот на чеченскиот лидер Умар Даудов.
– Прошетката беше одличен крај на вечерата со семејството. Искористете ги среќните моменти, пријатели, најдете време и посветете повеќе внимание на семејството. Одморете се од толпата и задоволете си себе си и нив – ги цитира Даудов зборовите на Кадиров.
Засега не се знае кога е направена снимката.
Украинските и странските медиуми вчера објавија дека Кадиров е тешко болен и наводно е во кома. Портпаролот на Министерството за одбрана Андриј Јусов изјави дека здравствената состојба на шефот на чеченската држава во последните денови значително се влошила и дека тоа е последица на тешко заболување.
– Информацијата е потврдена од различни извори во медицинските и политичките кругови. Не се работи за повреди. Долго време е болен, зборуваме за системски здравствени проблеми – рече Јусов.
Кадиров и неговите соработници досега постојано ги негираа ваквите наводи.