Објавено ВИДЕО од киднаперите додека се движат накај Бразда, „цитроенот“ запален пред 10 часот?

од Nikola Popovski
332 прегледи

На социјалните мрежи се појави со видео од надзорните камери на кое се гледаат возилата во кои најверојатно била превезена 14-годишната Вања Горчевска (Ѓорчевска) по нејзиното киднапирање.

Како што објави новинарот Фуркан Салиу, на видеата се гледа кога и како девојката дошла во селото Бразда и времеto кога било запалено возилото.

На видеото се гледа дека во „цитроенот“ имало возач и сопатник, но и дека задниот дел од возилото изгледа празен, иако се гледа нешто што наликува на бела вреќа. Автомобилот брзо се движи по калливиот пат, а јасно е дека киднаперите се надвор од урбаниот дел на градот. Со автомобил се упатиле кон Визбегово, каде само два часа подоцна го убиле детето.

Новинарот Салиу презентираше уште едно видео на кое се гледа црн чад од селото Бразда, каде е пронајден запален автомобил, користен за киднапирањето на Вања Ѓорчевска. Понатаму, според времето испишано на снимката, најверојатно од безбедносна камера, треба да се заклучи дека возилото е запалено во 9:37 часот, бидејќи во тоа време (на снимката) се гледа чад.

Во понеделник, на 27 ноември, околу 07:20 часот, Вања замина кон училиште, но никогаш не стигна. Само десет минути подоцна била недостапна, а нејзината загрижена мајка набрзо пријавила дека нејзината ќерка исчезнала.

На видеото се гледа времето од надзорните камери во 7 часот и 55 минути наутро, што се поклопува со времето на киднапирањето и истрагата дека киднаперите со „цитроен“ го напуштале местото на настанот.

Беше организирана опсежна потрага по девојчето и траеше до недела, 3 декември, кога безживотното на Вања беше пронајдено.

За убиството се осомничени пет лица, од кои четворица како соизвршители сториле две кривични дела – Грабнување од член 141 од Кривичниот законик, како и две убиства на свиреп начин (едно на малолетно лице и едно од користољубие) заедно казниви по член 123 став 3 од Кривичниот законик. Петтиот осомничен им помогнал при извршување на кривичното дело – Грабнување на малолетно лице.

Слични содржини