Внатрешната полициска контрола во Чикаго објави видео во четвртокот во кое полицаец убива 13-годишно момче.
Покрај убиството што се случи во Минеаполис неколку дена претходно, ова е последниот пример за полициска бруталност што може да ги разгори граѓанските немири во Америка.
Деветминутното видео снимено со камерата на телото на полицаецот започнува со неидентификуван полицаец кој излегува од возилото и трча по улицата по Адам Толедо во 2:30 часот наутро, на 29 март, во Литл Вилиџ.
На видеото потоа се гледа како полицаец му вика „застани“ на Толедо пред да успее да го достигне и да му нареди да ги покаже рацете. Изгледаше како Толедо да ги крева рацете пред полицаецот да испука куршум и веднаш притрча кон момчето кое падна на земја.
„Испукан куршум. испукан куршум. Испратете брза помош“, вели полицаецот.
Веднаш по инцидентот, полицијата во Чикаго извести дека Толедо држел револвер во раката, но тоа не го гледа јасно на видеото.
Полициските службеници, наводно, го бркале Толедо и друго лице откако добиле дојава дека во близина има пукање.
„Бројни полицајци се собраа на улица во 2:30 часот наутро и едноставно кажано, го изневеривме Адам“, рече градоначалничката на Чикаго, Лори Лајтфут, за време на прес-конференцијата пред видеото да стане достапно.
Исто така, направена е внатрешна контрола на полицијата.