Објавено ВИДЕО од убиството на Тараиковски: Застана со рацете кренати пред полицијата во Минск, а потоа падна

од Vladimir Zorba
406 прегледи

Белорускиот државјанин Александар Тараиковски е убиен за време на неодамнешните протести во Минск организирани поради претседателските избори на кои Александар Лукашенко го доби новиот мандат.

Околностите под кои почина Тараиковски се нејасни, а на социјалните мрежи се појави видео, кое треба да ги потврди наводите на неговиот партнер дека 34-годишниот човек е убиен од полицијата.

На видеото прво се гледа Тараиковски како се приближува до полицискиот кордон, држејќи ги рацете нагоре.

Набргу потоа, видеото го прикажува моментот кога Александар се оддалечува од полицијата, а следниот момент тој паѓа на земја.

Имено, службените лица изјавуваат дека тој починал кога експлозивна направа паднала во негова рака за време на протестот, додека приврзаниците на опозицијата го спорат тоа.

Слични содржини