Објектот на „Пошта“ бил планиран за ресторан со кабаре од претходното раководство, рече Николоски

од Nikola Popovski
54 прегледи

Објектот на Македонски пошти бил планиран за ресторан со кабаре од претходното раководство, наспроти плановите на актуелната да биде мултимедијален и културен центар открива министерот за транспорт и врски, Николоски. Според него, минатата Влада имала цел да ја уништи по цена на неколку приватни компании кои се занимавале со поштенски бизнис.

По утврдени слабости се работи на реорганизација, а промените би требало да бидат очигледни веќе во почетокот на следната година, најавуваат од ресорното министерство. Како за почеток, вработените почнале да земаат редовно плата.

Николоски очекува Јавното обвинителство да реагира, да влезе и да утврди одговорност за сите кои работеле несовесно и незаконски во АД Пошта.

Владата планира да го реновира опожарениот објект на „Пошта“ и тој во 2028 година да стане мултифункционален. Ваквата идеја неодамна ја презентираше министерот за култура и туризам Зоран Љутков. Тој вели дека е донесена владина одлука да биде реновирана централната зграда на Македонска пошта, со цел да биде подготвена и за потребите на Скопје „Европска престолнина на културата“ за 2028 година.

Зградата на Пошта изгоре во пожар во 2013 година. Во пожарот настрадаа куполите и муралот на Борко Лазески. Ревизорите во 2014 година утврдија дека е уништена и опрема вредна 10.000 евра, како и марки во вредност од 92.000 евра.

Слични содржини