Облачно и постудено време со дожд, на планините се очекува снег

од Nikola Popovski
91 прегледи

Времето денеска низ земјава ќе биде променливо облачно со умерен, а во источните делови и долж Повардарието засилен, повремено силен ветер од југоисточен правец (70 км/ч).

Попладне и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, пообилни во западните делови (над 20л/м2). На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег.

Температурите ќе се движат од -4 до 16 степени целзиусови.

Во Скопје променливо облачно со засилен ветер од југоисточен правец. Попладне и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд.

Температурите ќе се движат од 0 до 14 степени целзиусови.

Слични содржини