Денеска времето ќе биде облачно и посвежо со врнежи од дожд, наместа и особено во јужните делови обилни, јавуваат од УХМР. На планините врнежите ќе бидат од снег, а особено во западните делови на некои од повисоките места врнежите од дожд ќе преминуваат во снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Врнежите ќе престануваат кон крајот на денот.
Утринската температура ќе биде од минус 1 до 8 степени, а во текот на денот од 5 до 14 Целзиусови степени.
И во Скопје облачно со врнежи од дожд кои попладне ќе престануваат. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Температурата ќе се искачи до 14 степени Целзиусови.
Ќе се одржува променливо облачно време и малку посвежо. Во среда времето ќе биде променливо облачно со локален дожд, а во четврток повторно ќе има врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни со пороен карактер и проследени со ретки грмежи.