253
Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо. На повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен северен ветер, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
Утринската температура ќе се движи од 3 до 12 степени, а дневната од 14 до 21 степен.
Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно, посвежо и нестабилно со пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе достигне до 8 степени, а дневната до 18 степени.